Почитувани колеги,

Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

И оваа година натпреварите ќе се реализираат за VI, VII, VIII и IX одделение согласно наставниот план и наставната програма по географија.

Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
Општински натправари: 28.02.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
Регионални натпревари: 21.03.2026 годинасо почеток во 10:00 часот
Државен натпревар: 13.05.2026 година со почеток во 10:00 часот

„Инспирација, знаење и визија за иднината на географијата“
На 27.12.2025 година, амфитеатарот на Универзитетот Скопје повторно ги отвори вратите за членовите, професорите и гостите на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
Настанот претставуваше важен момент во животот на Здружението, со цел да се сумира работата од изминатата година, да се усвојат плановите за 2026 година и да се промовира дијалог за иднината на географската наука и образование.

Ве информираме дека 12-тата Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, ќе се одржи во просториите на Универзитетот Скопје, на 27.12.2025 година (сабота), со почеток во 13:00 часот.

За учесниците на Собранието предвиден е семинар за стручно усовршување и профсионален развој.

Патните трошоци за учество на Собранието се на товар на Здружението, а се обезбедени преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 23.12.2025 на службениот мејл на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку регионалните координатори.

 

Агенда на активности за сабота

Дневен ред на Собрание

Програма

 

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

                         ПРЕТСЕДАТЕЛ

              Проф. д-р Аце Миленковски

Во организација на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, во период од 1.07– 4.07.2025 година, успешно се реализираше тридневниот теренски практикум во Унгарија, наменет за проширување на теренското знаење и културно-географската свест кај професорите по географија.
Програмата опфати уникатна комбинација од природни, културни и урбани содржини, со цел интегрирана едукација преку патување.