Во организација на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ успешно се реализираа општинските натпревари по географија за ученици од основното образование за учебната 2025 2026 година.

Реализирани општински натпревари по географија за ученици од основното образование во учебната 2025/2026 година

Неофицијални резултати од натпреварите

Во организација на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, на 28.02.2026 година, се реализираа натпреварите по географија за ученици од основното образование за учебната 2025 2026 година.

Резултатите на учениците и клучевите на тестовите дадени се во прилог.

 

Незадоволните ученици или менторот имаат право на приговор најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите, односно неофицијалната листа, на емаилот на здружението.

 Комисијата е должна да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот. Резултатите од одговорот по приговорот се конечни.

Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на општинскиот натпревар, сите ученици го делат истото место.

На регионален натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот

Доколку од општината нема ученик со и над 85 бода, прво пласираниот од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар

На општинските натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека останатите ученици добиваат пофалница за учество. 

 

ШЕСТО ОДДЕЛНИЕ

СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ДЕВЕТТО ОДДЛЕНИЕ

 

Клуч од тестовите:

Шесто одделение - македонски јазик

Шесто одделение - албански јазик

Шесто одделение - турски јазик

 

Седмо одделение - македонски јазик

Седмо одделение - албански јазик

Седмо одделение - турски јазик

Седмо одделение - англиски јазик

 

Осмо одделение - македонски јазик

Осмо одделение - албански јазик

Осмо одделение - турски јазик 

Осмо одделение - англиски јазик

 

Деветто одделение - македонски јазик

Деветто одделение - албански јазик

Деветто одделение - турски јазик

 

 

 

 

Почитувани колеги,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

По повод новогодишните и божиќните празници, на 16 јануари 2026 година, во градот Штип беше реализирано традиционалното јануарско дружење на членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ _ Скопје.