По повод новогодишните и божиќните празници, на 16 јануари 2026 година, во градот Штип беше реализирано традиционалното јануарско дружење на членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ _ Скопје.
Настанот се одржа во духот на долгогодишната практика на здружението, насочена кон одржување на професионалната поврзаност и континуитетот на географската заедница во државата. Домаќин на средбата беа колегите од Штип, а на настанот присуствуваа професори по географија од основното и средното образование од различни делови од државата. Присуството на наставници од повеќе региони овозможи размена на искуства и ставови поврзани со наставната практика и со актуелните состојби во образовниот систем. Свечениот дел од дружењето беше обележан со традиционалната симболика на паричката, која претставува знак на среќа и обврска за продолжување на јануарските средби. Паричката од минатогодишниот кум Сашко Стефановски премина во рацете на младата колешка Бојана Алексова, со што беше истакнат континуитетот на традицијата и чувството на заедништво што го одликува функционирањето на здружението. Традиционалното јануарско дружење во Штип уште еднаш покажа дека географијата, покрај својата наставна и научна димензија, претставува простор за градење професионална солидарност, заемна почит и негување на традицијата како дел од заедничкиот идентитет на географите во Република Северна Македонија.








